Свет
16. April 2016 - 9:10

Го доби заслуженото: Манијак допираше девојки во автобус, следуваше брутална одмазда!

Многумина од нас биле сведоци на напад на манијаци во јавниот превоз, кои најчесто допираат и малтретираат жени.
 
Во повеќето случаи, таквите минуваат неказнето. меѓутоа, во овој случај кој се случил во градскиот превоз во Аргентина, сексуалниот напад не мина неказнето. За младиот човек кој се осмели да допре една жена, следуваше одмазда.
 
Откако патниците сфатија што се случува, почнаа да му викаат. Тој тогаш се доближи до вратата и со спре ги испрска патниците.
 
Возачот веднаш реагираше и го запре автобусот, а сите патници во паника излегоа од автоусот. Сепак, тие успеаа да го фатат манијакот, кој физички го нападнаа и го претепаа.