Го испушти свршеничкиот прстен во езеро, па доби 3,5 милиони прегледи на Тик-ток
Британец реши да ја запроси својата девојка покрај езеро, но при судбоносниот чин, свршеничкиот прстен му падна во водата, додека пријателите сѐ тоа го снимале…
Рос Бамбер (26) ја запознал својата свршеница Гери Ешфорт пред пет години додека работеле заедно во старечки дом. Дошло време за „големото прашање“, па тој отпатувал со неа до едно езеро во Норфолк, во Источна Англија, клекнал на платформа од даски над езерото, пред својата сакана и ја прашал дали таа сака да му биде сопруга… Но, работите не се одвивале според планот. Кога го отворил кутивчето, прстенот паднал низ празнина на подот и потонал во водата.
– Кажи ми дека не е тоа што мислам!, извикна Гери покривајќи си ги очите со рацете.
Прстенот чинел 1.000 фунти (1.161 евро). Бамбер брзо се снашол, па го пополнил калапот со друг прстен што нејзе веќе ѝ бил на прстот, па девојката одговорила – да.
Следниот ден, тој ѝ купил друг прстен. Потоа, се вратиле на истото место и ја повториле сцената, но овојпат – успешно. Британецот вели дека сѐ уште се надева дека ќе го најде првиот прстен.
– Разговарав со сопственикот на езерото и тој рече дека со задоволство ќе ни помогне да го најдеме прстенот. Гери беше многу вознемирена поради тоа што се случи, изјави Рос.
Видеото од несреќниот прв предлог на Тик-ток собра повеќе од 3,5 милиони прегледи.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло