-->
-->
Го молев Бог автобусот да биде празен: Докторката Светлана за 23 години работа во Брзата помош не памети ваква морничава несреќа - глетката била ужасна
-->

За три минути пристигнала екипата до местото на несреќата
- Се молев на Бога автобусот да е празен бидејќи кога добивате таков повик можете само да погодувате што ве чека. За три минути пристигнавме, ужасна глетка, тројца мртви на лице место, повредени на сите страни, вака ја започнува својата приказна докторката Светлана Ѓоргевиќ.
- Тргнавме и размислувавме на што ќе наидеме, но за жал авобусот беше полн со деца и луѓе. Беше страшно, ние го немаме тој луксуз да ни проработат емоциите, веднаш почнавме да ја работиме својата работа до моментот додека не ја завршиме. Додека ја завршував основната тријажа , пристигна следната екипа, најзагрозените пациенти ги ставивме во носилки, потполно беа подготвени и тргнаа до Kлиничкиот центар. Три лица на лице место загинаа, доктор Душан Гостовиќ превзема понатаму, а јас тргнав со повредените во болница. Пристигнаа повторно нови екипи, а кога се вративме беше се исчистено. Можам да кажам дека не само што сум горда на своите колеги туку и на соработниците кои работат во Брзата помош. Возачите, сестрите, диспеџерите, сите апсолутно одговорија во тој момент, зборува доктор Светлана.
За 23 години колку што работи во Брзата помош оваа докторка не памети ваква масовна несреќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Затворени 28 објекти без лиценца и минимум технички услови за работа
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија
-
Јаневска: Директорот да изврши дератизација
-
20 тина спасители на планина во Охрид