Го нападнал крокодил долг 5 метри и го направи инвалид, за чудо преживеа
Само чудо му го спаси животот на еден еколог кому крокодил од 5 метри му ја откина ногата, а го спасија колегите кои успеале да го извлечат од устата на огромниот звер.
Руди Френсис (35) хранел крокодил на фармата Сандакан во источна Малезија, кога крокодилот наеднаш го нападнал.
Посетителите се собрале да гледаат како Руди ги храни животните, а неколку секунди потоа се случи нападот.
Крокодилот го фатил Руди за нога и почнал да го влече во водата.
Руди успеал да се крене и да повика помош, но се лизнал и тогаш рептилот повторно го зграпчил за нога.
Неговите колеги успеале да го извлечат но за неговата нога немало спас, зошто целосно била распарчена/
Лекарите морале да му ја ампутираат и десната рака. Неговото движење за сега е ограничено и ќе мора да носи протези до крајот на животот.
Неговото семејство е загрижено зошто тој ги издржувал со оваа работа, а сега иднината им е неизвесна.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ