Го победила ракот двапати, па сега и се одолжува на болницата која и помогнала
Монтана Браун (24) е девојка која двапати го победила ракот. Неодмана се пофалила дека почнала да работи како педијатерска сестра во болицата во која се лекувала во Атланта во американската држава Џорџија.
На неа прв пат и бил дијагностициран рак кога имала само две години и повторно кога имала 15 години. После првиот ден, Монтана го сподели своето возбудување на своите пријатели на социјалата мрежа Фесбук.
Таа објаснила колку е среќна секој пат кога ќе го види логото на маицата и кога ќе си го види името во болницата во која работи.
Ни за милион години не би помислила дека на 24. Години ќе го живеам мојот сон а тоа е да работам во болницата во која се лекував како бебе и тинејџерка.
Монтана прв пат била во болница на свои 17 месеци и се лекувала многу години. Дијагностициран и бил рабдомисарски, малиген тумор на мекото ткиво. Откако ја завршила првата година во средното училиште, туморот повторно се вратил и морала да паузира со школувањето година дена, но преживеела.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи