Го пронашла таткото по 20 години, а тој ја силувал

Девојка од Мелбурн 20 години го барала својот татко, и откако конечно го пронашла тој ја силувал велејќи и дека тоа го направил од љубов. Да биде работата полоша, девојката била бремена.
38-годишниот татко кој и претходно бил насилен, отседнал во куќата каде таа живеела со својот син и партнерот.
Во моментот на нападот била сама. Девојката раскажала дека била среќна што го видела својот татко после подолго време.
-Тој исто така беше среќен што ме гледа. Бев многу возбудена и среќна што конечно го видов мојот вистински татко, раскажа таа.
Меѓутоа кога првпат останале сами тој и рекол „Дојди тато да те гушне“, а потоа ја испратил до спалната соба каде ја силувал и и рекол „Ќе те сакам засекогаш“.
-Ништо не реков, ништо не можев да направил. Чувствував дека мора да соработувам и да не зборувам ништо. Бев загрижена дека може да ме повреди. Мислев дека ако се обидам да го запрам, може да стане насилен. Знаев дека има насилно минато и дека бил во затвор поради физички напад, раскажа жената.
Таткото прво рекол во полиција дека ќерката го натерала да имаат секс, и дека се обидел да ја одбие, но не сакал тоа да не и го исполни, зошто “му било страв да не ја загуби“.
Тој е осуден за инцест - но неговата казна е намалена на 3 години по жалбата во која стоело дека бил „интелектуално заостанат“.
На судот тврдел дека мајка му била алкохоличарка, дека почнал да пуши канабил од 10 години, по што почнал да живее по улици.
Ново на Сител
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
