-->
-->
Го славел раѓањето на син со пријателите и го загубил животот во пожарот во „Пулс“
-->
Еден од загинатите во трагедијата во Кочани е 30-годишниот Тоше Богданов . Според српски Телеграф, Богданов излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на својот син.
Богданов кој бил од Облешево, работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила неколку дена пред трагедијата.
-Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега го нема “, изјави за Информер извор запознаен со случајот.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица а над 150 се повредени. Најмладата жртва имала само 14 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени
-
Тошковски ги разреши началниците од Штип и Кочани
-
Склад за гориво пронајден во непосредна близина на дискотеката
-
Мицкоски: Ќе одговара секој кој има вина
-
Релативно стабилна е состојбата на пациентите од Кочани хоспитализирани во клиниките во Скопје