Живот
5. July 2017 - 15:45

Го загубила таткото, а утрото по неговата смрт се разбудила во ваква состојба

Џорџија Ланука имала само 23 години кога го загубила татка си. Тоа било голема загуба за неа, а утрото после неговата смрт таа се разбудила и доживеала уште еден шок.

Кога се разбудила таа низ целото тело имала црвенила и флеки и тоа низ целото тело. Џорџија поради преголем стрес и тага која ја доживеала, преку ноќ се разболела и добила облик на псоријаза и тоа 10 пати по агресивна од обичната.

Поради флеките на кожата таа трпела страшно малтретирање од врсниците, а момчињата не и приоѓале за да не се заразат. Џорџија која денес има 25 години, научила да живее со болеста и да ја држи под контрола.

Повеќе не се срами од својата кожа и служи како пример за другите кои патат од истата болест.