Да потсетиме, Моника на Хана и нанесе тешки повреди - изгореници од втор степен, поради кои девојката заврши на операција, а покрај тоа и го оштетила и ушното тапанче.
Моника на судењето призна дека тоа го направила, но како што вели „ненамерно“ додавјаќи дека воопшто не се сеќава на својата постапка.
Моника на суд рече дека ги затекнала љубовниците на сопствениот кауч, и почувстувала како ножеви да и ја пробиваат главата. После тоа вели, не се сеќава на ништо.
-Немам зборови со кои може да опиша, како се чувствував тогаш. Никогаш порано не сум искусила такво чувство. Просто бев скршена, немав поим во што ми се претвора животот. Болката во главата беше неверојатна. Следно на што се сеќавам е дека од некоја причина излегов на улица. Не знам како дојдов таму, знам само дека неверојатно ме болеше главата и се чувствував дека ми се урнал светот, рече Моника на судењето.
По нападот, како што натаму рекла, отишла со ќерката (8) во родната Полска, за да побара помош од семејството.
Во нејзина корист сведочеше нејзиниот адвокат.
-Тоа е една неверојатно интелегентна и нежна личнос која пред тој инцидент, секогаш беспрекорно се однесувала. Тоа е старомодна девојка од старомодна куќа која ја оставила поради љубовта. Целиот живот не покажа ништо освен потполна посветеност на својот сопруг и ќерката, а фактот што нејзиниот маж имал љубовница целосно ја скрши, вели адвокатот. На судењето се покажа дека таа навистина е од скромно католичко сеемсјтво и дека недолго по доаѓањето во Велика Британија го запознала сопругот со кој изгубила невисност и со кој се омажила и создала семејство.
А што вели мажот?
-Кога се стрчав долу, ја видов Моника како ја држи Хаба за коса и ја влече кон земјата. Го видов моментот кога ја истури врела вода на главата и ја видот пареата како избива од Хана која беше во агонија. Хана ја молеше да запре, но Моника ја држеше за коса и ја влечеше обидувајќи се лицето да и го полее во врела вода, сведочеште тој, а по сето тоа се разведе од Моника.
Моника е осудена на пет години затвори.