„Goal“: Мбапе во наредните часови ќе потпише за Реал

ПСЖ се договорил со Реал Мадрид за трансфер на напаѓачот Килијан Мбапе, пишува Goal.com, повикувајќи се на новинарот Родриго Фаес. Дваесет и четиригодишниот Французин во наредните часови ќе потпише долгорочен договор.
Забележано е дека Парижаните се согласиле да направат отстапки за да го капитализираат трансферот на играчот, а следното лето да не го изгубат бесплатно. Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ завршува во јуни 2024 година.
Претходно, угледниот инсајдер Фабрицио Романо откри дека напаѓачот повеќе нема да може да ја активира опцијата за продолжување на договорот со клубот до 2026 година, бидејќи рокот истече на 31 јули.
Мбапе е во ПСЖ од август 2017 година. Во сезоната 2022/23, тој постигна 41 гол и направи 10 асистенции на 43 натпревари за парижаните во сите натпреварувања.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 180 милиони евра.
ПСЖ не го однесе Мбапе на претсезонската турнеја на тимот во Јапонија.
Ново на Сител
-

Скопје домаќин на меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“
-

Премиерот Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром
-

Дожд, грмежи и засилен ветер до петок
-

БиХ: Голем пожар на депонија кај Мостар, воздухот е опасен за дишење
-

Макрон по средбата со Рама во Елисејската палата: Ја поддржуваме Албанија на патот кон ЕУ
-

Нестабилно време во Охридско-преспанскиот регион, променливото време продолжува до петок
-

Најмалку 13 лица загинаа во експлозија во гасниот комплекс „Рас Лафан“ во Катар
-

Багаи: Принципот „обврска за обврска“ е водечки во преговорите со САД
