-->
-->
Гоце Атанасовски го извади крстот од осветените води на Каменичка Река
-->

Помеѓу дваесетината момчиња кои денес во чест на Водици скокнаа по светиот Крст во водите на Каменичка Река во Македонска Каменица најсреќен и највешт беше Гоце Атанасовски. Од страна на локалните власти среќниот фаќач на крстот доби и соодветни подароци.
-Осветувањето на водите на Каменичка Река по повод Богојавление- Водици го следеа повеќе од илјада верници. На сите граѓани има посакуваме добро здравје среќа и успех да ги прати во Новата година. На највештиот кој денес го извади чесниот крст од водите на Каменичка река му доделивме златник и пригодни подароци, информираа од општина М.Каменица.
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во црквата „Успение на пресвета Богородица“ се одржа богојавленска литургија на која присуствуваа голем број православни верници од општина Македонска Каменица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

1,4 милиони евра за обнова на Исарот во Штип
-

Струмица ќе инвестира 30 милиони денари во нов озонатор за фабриката за вода
-

Иран им се заканува на земјите што ја поддржуваат „економската војна“ на САД
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
