Година на хаос во јавниот превоз во Скопје
Во 2022 година, Скопје за првпат во својата историја, од осамостојувањето на државата, остана без јавен превоз поради протестот на возачите на Јавното сообраќајно претпријатие, а проблемот со приватните превозници од „Макеспрес“ и „Слобода превоз“ остана да се решава во оваа 2023 година.
По неколкудневно доцнување на септемвриската плата од законскиот рок за исплата, возачите од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, на 20 октомври решија да протестираат по што за првпат од осамостојување на државата, Скопје остана без јавен превоз.
Градоначалничката Данела Арсовска обвини дека Владата ги нема исплатено долговите кон ЈСП по што Советот на Град Скопје на вонредна седница изгласа одлука за субвенционирање на претпријатието со која се обезбедија средства за плати за вработените до крајот на 2022 година и автобусите почнаа повторно да возат низ градот. На, 28 декември на полноќ, на вонредна седница советниците на Град Скопје беше усвоена одлука и за субвенционирање на ЈСП за 2023 година со која се спречи евентуално повторен протест на вработените во претпријатието.
Кратко време по протестот на ЈСП се појавија и проблемите со приватните превозници кои тврдеа дека не им се исплатени долговите од страна на ЈСП. Прекинаа да вршат услуги во јавниот превоз, поради, како што велеа, немањето основни средства за извршување на услугите во јавниот превоз. Кон крајот на ноември и почетокот на декември приватните превозници ги блокираа главните сообраќајници во градот.
Блокадите, кои предизвикаа сообраќаен хаос, беа поставени на крстосниците пред „ТЦ Мавровка“, „Црвен Крст“ и на „Илинденска“ во околината на Град Скопје и траеја неколку дена се до моментот кога превозниците одлучија да го почитуваат предлогот на премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека Владата ќе ги прими, но не со такви притисоци кои се прават преку блокирање на градскиот сообраќај.
За да се надмине проблемот, приватните превозници побараа средба во Владата од каде најавија дека средба ќе се одржи штом го добијат извештајот од Управата за јавни приходи.
Градоначалничката Арсовска тврдеше дека се направени злоупотреби од страна на одредени личности и распиша нов јавен повик на кој приватните превозници „Макекспрес превоз“ и „Слобода превоз“ не можеа да аплицираат поради укинувањето на договорот.
Ново на Сител
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава
-
Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
-
Прв премиерлигашки пораз сезонава за Манчестер Сити, Ливерпул нов лидер