Година полна со насмевки
Успехот на СОС Детско село, успехот на многу деца и младинци и на многу родители од ранливи категории би бил некомплетен без поддршката и солидарноста на бројните партнери, донатори и соработници од корпоративниот сектор и индивидуалните донатори. Благодарение на нивната несебична поддршка, СОС Детско село ги менува животите на децата, младинците и семејства во ризик.
Стратешко партнерство кое прераснува во соработка која се работи со многу љубов и посветеност резултира со многу детски насмевки, реалирани млади и дадена втора жанса во животот.
Горди сме на НЕПТУН Македонија кои ја препоразнаа работата на СОС Детско село и несебично во секое делување ја покажуваат нивната подршката со посветеност која е резултат за одржливост.
Да заокружиме една година со заеднички активности кои беа дел од соработката со НЕПТУН македонија и СОС Детско село. Се дружевме на неформален начин, топ менаџмент се поврза со младите и волонтираше преку молерисување на младинска куќа , се спроведоа обуки за младите во правец на осамостојување, се опремија неколку куќи со бела техника.
Како заокружување на нашата стратешка соработка НЕПТУН делуваше во правец на мисијата на СОС Детское село: Топол дом и љубов за секое дете и реализареше финансика донација со вредност од 420.000,00 денари.
Вистинска привилегија е што и нашата мала држава преку СОС Детско Село е дел од интернационално семејство, кое во 136 земји во светот работи и е посветено на помош и поддршка на најранливите – ДЕЦАТА.
Наша заедничка определба е да работиме сите заедно на тоа да сите деца и млади, живеат во општества каде што сите ќе имаат право на подеднаква среќа и да се стремиме колективната среќа и љубов на заедницата да биде неизоставен порив на секој човек И СЕКОЕ ДЕТЕ ДА ИМА СВОЈ ТОПОЛ ДОМ, СЕМЕЈСТВО И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА И ЉУБОВ!
Ново на Сител
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
