Годината ја почнавме со нова Влада, добивме француски предлог и неколку бугарски клубови
Уставните измени, услов од преговарачката рамка со Брисел, е недовршената задача со која власта влегува во 2023. Потребното 2/3 мнозинство во парламентот Ковачевски се уште не го има обезбедено. Опозицијата пак, потттикната од рејтинзите на анкетите, задачата која си постави за наредната година се избори. Мицкоски се надева на победа.
Но, да се дојде до тука помина една незивесна политичка година. Ковачевски во јануари го зема премиерскиот мандат што во наследство му го остави Заев по договорот со Гаши. Но, преговорите со Брисел иако ветени од неговиот претходник не почнаа.
Напротив, почна мачен процес на разговори со политички нестабилната Бугарија. По португалскиот и германскиот, доцна пролет, ни стигна француски предлог на Макрон. Европа застана зад него, но политичката елита во земјава се подели.
Граѓаните негодуваа. Две недели интензивни масовни протести го крстосуваа центарот на Скопје со гласно: Не!
Не! во парламентот извикуваа и опозициските пратениците.
Оние на власта со развиорени знамиња се радуваа: имаме преговри со ЕУ.
Ковачевски, Османи и Маричиќ заминаа на прва меѓувладина конференција во Брисел.
Но, иако ги откочи евроинтеграциите, францускиот предлог не ги рекласира односите до Софија. Бугарски клубови со провокативни имиња Ванчо Михалов и Цар Борис никнаа во Битола и во Охрид, а се највуваат и во сите македонски градови.
Парламентот стандардно - под нивото на задачата. ВМРО-ДПМНЕ се реши на активна блокада. Законите тешеко се носеа, седниците одвај се одржуваа.
По собраниските служби недолично распали собранискиот спикер Џафери.
Неговиот сопартиец пак, на Комсијата заевропски прашања која стана алатка на власта за носење на закони по брза трака, фрлаше со филџани.
И се’ тоа во само 88 работни дена во пеленарната сала.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар