Годинава 13 неработни денови и 3 продолжени викенди
Во новата 2016 година граѓаните ќе имаат помалку продолжени викенди отколку во годината што ја испратија. Од вкупно 13 неработни денови за сите граѓани, три се поврзуваат со викендот.
Првиот продолжен викенд е веднаш по пречекот на Новата 2016 година бидејќи 1 јануари е неработен, а се паѓа во петок така што граѓаните ќеимаат повеќе време да уживаат во новогодишните празници.
Најмногу слободни денови, односно три за сите граѓани и четири за православните верници ќе има за 1 Мај кој годинава се поклопува со големиот христијански празник Велигден. Така, сите граѓани ќе одмораат на 30 април (сабота), 1 мај (недела) и 2 мај (понеделник), а православните верници ќе го имаат како неработен и Велики Петок, односно 29 април.
До крајот на годината ќе има уште еден продолжен викенд во октомври за Денот на македонската револуционерна борба кој се паѓа во недела, но како државен празник се префрла во понеделник.
Продолжен викенд за православните верници ќе има и за Духовден кој се паѓа во петок на 17 јуни, а католиците ќе добијат продолжен викенд за католичкиот Велигден кој е на 28 март во понеделник.
Граѓаните од муслиманска вероисповед ќе имаат продолжен викенд за Кубан Бајрам кој е на 12 септември во понеделник, додека за Ромите продолжен викенд е 8 април кога се слави Меѓународниот ден на Ромите а се паѓа во петок. Припадниците на влашката заедница имаат продолжен викенд на 23 мај во понеделник кога го слават Националниот ден на Власите. Тие тогаш ќе добијат четири дена одмор бидејќи неработен за сите граѓани е и 24 мај - Денот на сесловенските просветители.
За сите граѓани во државата неработни денови, но не поврзани со викенд, се и 7 јануари, првиот ден Божик, кога граѓаните од православна исповед добиваат уште еден ден, односно 6 јануари Бадник.
Неработни се и Денот на сесловенските просветители 24 Мај, 5 јули, првиот ден на Рамазан Бајрам, 2 август - Денот на Републиката и 11 Октомври - Денот на народното востание, кои се паѓаат во вторник, како и 8 Септември - Денот на независноста и 8 Декември - Денот на Св. Климент Охридски“ кои се во четврток.
Неработни денови за 2016 година:
За сите граѓани на РМ
- 01 јануари (петок), Нова Година
- 07 јануари (четврток), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
- 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден
- 02 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
- 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
- 5 јули (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
- 02 август (вторник), Ден на Републиката
- 8 септември (четврток), Ден на независноста
- 11 октомври (вторник), Ден на народното востание
- 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден
- 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
- 06 јануари (среда), Бадник, ден пред Божик
- 19 јануари (вторник), Богојавление (Водици)
- 29 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
- 17 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
- 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
- 28 Март (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
- 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци
- 25 декември (недела), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 12 септември (понеделник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница
- 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница
- 27 јануари (среда), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница
- 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница
- 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница
- 12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница
- 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница
- 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка