Годинава без Нобелова награда за литература, објави шведската академија

Оваа година нема да биде доделена Нобеловата награда за литература, соопшти денеска шведската академија.
Академијата соопшти дека ќе го именува лауреатот за 2018 година „паралелно со именувањето на лауреатот за 2019 година".
Одлуката е донесена поради „моментално девалвирана академија и намалената јавна доверба во академијата", се вели во соопштението.
Академијата соопшти дека од 1901 година во седум прилики „ја задржала" наградата, а последен пат во 1949 година. Во пет наврати, наградата била доделена истовремено со наградата за следната година.
Одлуката на академијата доаѓа откако на почетокот на април се појавија длабоки расправии за тоа како да се справат со наводите покренати против членовите на академијата, поетот Катарина Фростенсон и нејзиниот сопруг Жан-Клод Арно.
Во ноември, адвокатска фирма беше ангажирана да ги истражи обвинувањата за сексуално вознемирување од 18 жени против Арно. Тој ги негира обвинувањата.
За Фростенсон, исто така, се тврди дека ги прекршила правилата за конфликт на интереси на академијата со тоа што не открила дека е ко-сопственик на место кое го води нејзиниот сопруг, кој претходно добил средства од академијата.
По неуспешното гласање за исклучување на Фростенсон, неколку членови се повлекоа или формално побараа да поднесат оставка.
Осум од 18-те членови повеќе не се активни, меѓу кои и Сара Даниус, прва жена што ја предводела академијата уште од 1786 година.
Нобеловата фондација денеска истакна дека ја поддржува одлуката на шведската академија да го одложи именувањето на лауреат за Нобелова награда за литература во 2018 година.
„Нивната одлука ја нагласува сериозноста на ситуацијата и ќе помогне да се зачува долгорочниот углед на Нобеловата награда", соопшти фондацијата.
Ново на Сител
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-

Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
-

ДНК на судијата Ристов пронајдена на фолијата со 350 илајди евра
-

Партиите без компромис, Изборниот законик останува заглавен
-

Регионализација и дигитализација во здравството приритет и за Клековски - новите министри ги презедоа функциите
-

Долгови, неисправни камиони и спорни исплати: Што откри државната ревизија во „Комунална хигиена“
-

Костадиновски: Протестите за улиците во Тетово се протести против владеењето на правото
-

Преглед на вестите од светот
