-->
-->
Годишен состанок меѓу Македонија и Комитетот за партнерства на НАТО
-->

Во седиштето на НАТО во Брисел, во рамки на Акцискиот план за членство на Република Македонија во НАТО, денеска ќе се одржи редовниот годишен состанок со Комитетот за партнерства и безбедносна соработка на НАТО.
Државните секретари на министерството за надворешни работи и одбрана, Елена Кузмановска и Елизабета Чуповска Ристова, ќе ја предводат делегацијата на Македонија на престојниот состанок, на кој ќе биде презентирана Годишната национална програма за членство во НАТО за 2015-2016 година.
Како што соопшти Министерството за одбрана, документот што ќе биде презентиран ја потврдува заложбата на Владата за спроведување на зацртаните реформи неопходни за добивање покана за членство во Северно-атлантската алијанса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, воено-политички аналитичар
-

Одложени операции на хируршките клиники поради дефект во климатизацијата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Мицкоски: Ќе почекаме до седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-

Муцунски – Будрис: Продлабочување на соработката и силна поддршка за европската интеграција
-

Протести во Краљево против претседателот Вучиќ
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
