Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница треба да ги разгледа годишните извештаи за работата на јавните обвинителства и на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, за 2023 година.
Пред Комисијата се и Посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирање на изборната кампања за Избор на Претседател на Република Северна Македонија 2024 година, Посебниот извештај за утврдени состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2024 година, Извештајот за реализација на Судскиот буџет за 2023 година и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2023 година, кои се веќе разгледани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот