Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари

ОпенАИ, американска компанија, моментално работи со темпо што би можело да ѝ донесе повеќе од 40 милијарди долари приходи до крајот на годината, јави Блумберг повикувајќи се на извори кои се запознати со работењето на компанијата.
Тоа би било приближно двојно повеќе од износот од крајот на 2025 година и дополнително би ја зајакнало позицијата на компанијата пред потенцијално излегување на берза. Растот на приходите на ОпенАИ се забрза во изминатите месеци, а меѓу главните двигатели се алатките за програмирање на вештачка интелигенција, претплатите и почетокот на рекламен бизнис. Побарувачката за нејзините алатки за програмирање Codex и ChatGPT Work се зголеми.
Компанијата, исто така, ги намали цените на некои модели за да се натпреварува со Антропик и голем број кинески компании. Коосновачот и претседател на Опен АИ, Грег Брокман, рече дека приходите на компанијата во јули биле повеќе од 20 проценти повисоки отколку во јуни.
Опен АИ е исто така во сè поинтензивна конкуренција со Антропик за корпоративни клиенти.
Двете компании доверливо поднесоа документи за потенцијална IPO, а се очекува Антропик да го стори тоа уште наесен, наведува Блумберг.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
