-->
-->
Голден Стејт избори конференциско полуфинале
-->

Кошаркарите на Голден Стејт го победи Портланд 128:103 и со чисти 4:0 во серијата се пласираа во полуфиналето на Западната конференција во НБА.
„Воините“ се вториот тим по Кливленд со максимален резултат на стартот на плеј-офот. Тие во Орегон ја постигнаа четвртата победа благодарение на Стеф Кари кој реализира 37 поени, осум асистенции и седум скока. Дрејмон Грин со 21 и Клеј Томпсон со 18 имаа свој придонес во триумфот, додека кај Портланд се истакна Демијан Лилард со 34 поени.
Во следната фаза противник на Голден Стејт ќе биде победникот од пресметката меѓу Лос Анџелес Клиперс и Јута, каде резултатот е изедначен 2:2.
Ноќеска голем пресврт направи Торонто против Милвоки во Источната конференција и сега води со 3:2 по триумфот од 118:93, додека Атланта изедначи на 2:2 против Вашингтон со победата од 111:101.
Торонто беше предводен од Норман Пауел со 25 поени, шест помалку имаше Серж Ибака, 18 постигна Демар ДеРозан. Кај Милвоки вообичаено најдобар беше Џенис Адетокумбо со 30 поени.
На другиот дуел на Истокот, Атланта до победата стигна предводена од Пол Милсап со 19, Денис Шредер со 18 и Двајт Хауард со 16 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
