Кошарка
12. April 2018 - 12:50

Голден Стејт – Сан Антонио во првата рунда од НБА плејофот

 
 
Со одигрувањето на синоќешните последни дуели од регуларниот дел на сезоната, по кои Минесота го комплетира списокот на екипи кои ќе играат во плејофот, познати се дојките за првата рунда од разигрувањето. 
 
Во првата рунда најголемо внимание ќе привлече пресметката меѓу актуелниот шампион Голден Стејт и екипата на Сан Антонио. 
 
Во останатите дуели од четвртфиналето од Западната конференција ќе играат: Хјустон – Минесота, Оклахома – Јута и Портланд – ЊУ Орлеанс. 
 
На Истокот, вицепрвакот Кливленд ќе се сретне со Индијана, додека во останатите дуели ќе играат: Торонто – Вашингтон, Филаделфија – Мајами и Бостон – Милвоки. 
 
Плејофот стартува во сабота (14 април) токму со дуелот Голден Стајт – Сан Антонио кој ќе се игра во терминот од 21 часот по македонско време.