-->
-->
Голем интерес за вакцинација против грип во Крива Паланка и Ранковце
-->
Интересот на жителите од Крива Паланка и Ранковце за вакцинација против сеознски грип е голем, информира доктор Елена Kрстевска од Подрачната единица на хемиско-епидемиолошкта служба на Центар за јавно здравје од Крива Паланка.
- Вакцинацијата против сеознски грип во нашата служба започна на 14. октомври, а од набавените 240 дози од вакцината останаа уште околу педесетина. Годинава беа обезбедени и повеќе вакцини споредено со лани, кога имавме само 180, а толку се потрошени досега од годинашните дози, изјави Крстевска.
Најголем процент од граѓаните кои досега се вакцинирале се хронично болни лица на возраст над 62 години.
- Од вкупниот број лица кои ја примија вакцината најголем број се хронично болни лица над 62 години, додека исто така значителен е и бројот на лица на возраст од 30 до 62 години кои ја примиле вакцината, рече Крстевска.
Потенцира дека дел од лицата кои се вакцинирале против сезонски грип го сториле тоа на сопствена иницијатива, додека постои бројка пациенти кои истото го сториле по препорака на матичните лекари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН прави чистка во научно образовните установи – затворен уште еден институт од Скопје
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски