-->
-->
Голем конвој со цивили и бунтовници ја напушти Источна Гута
-->
Досега најголемиот конвој со цивили и бунтовници од Источна Гута, ја напушти таа поранешна бунтовничка енклава во близина на Дамаск.
Околу 100 автобуси со 6.450 лица, од кои една четвртина се бунтовници од групата Фајлак ал Рахман, ја напуштија Источна Гута во текот на минатата ноќ, јавија сириските медиуми.
Евакуацијата е дел од минатонеделниот договор кој го постигнаа претставници на бунтовниците и Русија, главниот сојузник на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Провладините сириски сили ја зазедоа речиси цела територија на Источна Гута, која беше во рацете на бунтовниците од 2013 година.
Од почетокот на војната во Сирија во 2011 година загинаа повеќе од 350.000 луѓе, а неколку милиони беа принудени да ги напуштат своите домови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
-

Го киднапирале, со пиштол му се заканувале да признае наводно силување, ОЈО бара притвор за двајцата грабнувачи
-

Последни подготовки за вежбата „Блесок 26“ – ќе успеат ли припадниците на Армијата да го положат овој важен тест?
