Македонија
11. April 2022 - 10:33

Голем одрон кај село Долно Косоврасти, сообраќајот по една коловозна лента

На патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-село Долно Косоврасти има голем одрон поради што сообраќајот кратко време беше во прекин, а моментално се одвива по една коловозна лента.

– Одронот, кој е околу 50 кубни метри камен и земја, падна околу 9 часот. Кусо сообраќајот беше во прекин. Наши екипи поради близината веднаш пристигнаа и почнаа со расчистување. Моментно сообраќајот се одвива по една коловозна лента, изјавија за МИА од дебарската секција на јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патни правци.

Оттаму препорачуваат внимателно возење и почитување на сообрајќајната патна сигнализација поради појава на помали одрони и на патниот правец Дебар-Струга.