-->
-->
Голем пожар му се заканува на селото Ораовец
-->

Шумски пожар распространет на површина од 60-тина хектари му се заканува на селото Ораовец во општина Чашка. Според командирот на ТППЕ Велес, Љупчо Лепидовски, гори багремова шума, нискостеблести растенија и трева.

-Во гасењето на пожарот учествуваат 40 луѓе, од противпожарните бригади на Велес и Чашка, како и вработени во ШС Бабуна. Претходно во гасењето на пожарот беа вклучени и хеликоптери од армијата, но поради ноќта, тие се повлекоа, изјави за Сител, Командирот на велешката противпожарна единица, Љупчо Лепидовски.

Инаку пожарот кај с. Ораовец е активен веќе трет ден.

Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Единаесет години од „Диво насеље“- Куманово се сеќава на загинатите херои
-

Најмногу дожд во Претор
-

Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина
-

Германски министер ја оквалификува Канада како „идеален“ партнер во услови на глобални тензии
-

Владата ќе го одбележи 9 Мај – Денот на Европа, оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“
-

Ушаков: Русија се согласи со иницијативата на Трамп за воспоставување тридневно примирје
-

Ден на победата над фашизмот
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
