Голем пожар во јужна Херцеговина

Пожарот што пред два дена избувна на подрачјето на Требиње на југот од Босна и Херцеговина, изминатата ноќ, потпомогнат од силниот ветер, почна неконтролирано да се шири, загрозувајќи неколку населени места.
Командириот на противпожарната единица од Требиње, Данко Вуковиќ соопшти дека во моментов не постои можност за контролирање на огнот и дека пожарникарите само се обидуваат да го спречат неговото ширење кон околните села.
Телевизијата на Република Српска јави дека линијата на фронтот на пожарот изнесува околу 20 километри и дека тој почнува да се шири и кон реонот Коновали во соседна Хрватска.
Според телевизијата, пожарот „практично се спуштил до куќите“ и загрозува неколку столбови од далноводниот систем за пренос на електрична енергија.
Реонот на Херцеговина е зафатена од незапаметена суша, што ја зголемува опасноста од избувнување пожари.
Ново на Сител
-

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
-

МВР спречи трагедија, малолетник најавил самоубиство на социјалните мрежи
-

Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
-

Трамп: Во американскиот напад врз Иран убиени 48 ирански „лидери“
-

Израелската армија започна нови напади врз Техеран
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија
-

Ирански медиуми: Махмуд Ахмадинеџад убиен во воздушен напад во Техеран
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
