Голем пожар во јужна Херцеговина

Пожарот што пред два дена избувна на подрачјето на Требиње на југот од Босна и Херцеговина, изминатата ноќ, потпомогнат од силниот ветер, почна неконтролирано да се шири, загрозувајќи неколку населени места.
Командириот на противпожарната единица од Требиње, Данко Вуковиќ соопшти дека во моментов не постои можност за контролирање на огнот и дека пожарникарите само се обидуваат да го спречат неговото ширење кон околните села.
Телевизијата на Република Српска јави дека линијата на фронтот на пожарот изнесува околу 20 километри и дека тој почнува да се шири и кон реонот Коновали во соседна Хрватска.
Според телевизијата, пожарот „практично се спуштил до куќите“ и загрозува неколку столбови од далноводниот систем за пренос на електрична енергија.
Реонот на Херцеговина е зафатена од незапаметена суша, што ја зголемува опасноста од избувнување пожари.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
