Македонија
10. March 2024 - 19:31

Голем пожар во угостителски објект во Охрид

На 10.03.2024 во 03.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект лоциран на Градскиот пазар во Охрид, сопственост на А.Р. од Охрид, настанал пожар, кој се проширил на неколку апартмани на горниот кат, соопшти МВР.

Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.