Голем руски ракетен напад врз Украина
Русија синоќа го изврши еден од најголемите воздушни напади врз Украина во последно време, пренесуваат украинските медиуми повикувајќи се на извори во украинската армија и додаваат дека насилниот напад бил насочен кон критичната украинска инфраструктура во неколку украински региони.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека нивната противвоздушна одбрана соборила дури 81 руска воздушна цел, и тоа 30 крстосувачки ракети Kh-101 и Kh-555, 4 крстосувачки ракети Калибр, една крстосувачка ракета Искандер-К и 46 борбени дронови од иранско производство од типовите Шахед 161 и Шахед 136.
Украинската воздушна одбрана соборила 35 од 53 руски ракети и 46 од 47 руски дронови, соопшти командантот на воздухопловните сили.
Во нападот се оштетени енергетски објекти во пет региони ширум Украина.
Украинскиот национален оператор на мрежа „Укренерго“ соопшти дека нападот оштетил енергетски објекти во источен Доњецк, југоисточен Запорожје и Дњепропетровск, централниот регион Кировоград и регионот Ивано-Франковск на запад.
– Утрово Русите извршија уште еден напад врз украинските енергетски капацитети.
Од март ова е веќе шести масивен, комплексен напад со ракети и дронови врз цивилна енергетска инфраструктура, соопшти Укренерго.
Ново на Сител
-
И оваа година Македонија ќе биде дел од саемот Винска визија на Отворен Балкан
-
Жител на Богданци осомничен за задоволување полови страсти пред деца
-
Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најмалку едно лице загина
-
Културното наследство на земјата треба подобро да се чува – укажува ЕК во Годишниот извештај
-
Шпанската Ла Лига ќе му помогне на Црвениот крст во собирање помош за погодените од поплавите
-
Извештај на ЕК: Здравството во Северна Македонија еден од најголемите корисници на буџетот - инспекциските служби ранливи на корупција
-
Македонија и Бугарија се договорија - Со заеднички проект ќе ја градат железницата
-
СДСМ: Уште едно погазено ветување - ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект