Свет
21. August 2023 - 11:54

Голем земјотрес ја стресе Калифорнија | ВИДЕО

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Јужна Калифорнија во неделата попладне по локално време, каде пристигна и тропската бура Хилари.

Епицентарот на земјотресот бил во областа северно од Лос Анџелес, а потресите ги почувствувале жителите во голем дел од јужната област на оваа американска сојузна држава, додека се подготвувале за силен дожд и можни поплави кои ги донела тропската бура.

Земјотресот се случил во 14:41 часот по локално време, а веднаш по тресењето на тлото нема извештаи за материјална штета или повредени.

Американскиот систем за предупредување извести дека по овој земјотрес нема опасност од цунами.