Голема акција на крајот на Егзит – Запленета огромна количина на дрога
Како што дознаваат српските медиуми, синоќа во истовремената акција на две локации и тоа на Лиман на улицата Милица Стојадиновиќ Српкиња и на Рибарскиот остров, уапсени се четири лица и запленета е огромна количина на натркотици и тоа екстази, кокаин и останати дроги.
Имено на Лиман уапсен е еден жител на Ниш, еден на Нови Сад, а вистинска драма се одвивала на Рибарскиот остров кога инспекторите на криминалистичката полиција се обиделе да легитимираат двајца млади од Белград, кои се наоѓале покрај своите луксузни возила „Мерцедес“ и „БМВ“. Кај нив биле пронајдени огромни количини на наркотици.
До затворање на случајот полицијата работела. Инаку од почетокот на Екзит ова е втора голема акција на криминалистичката полиција на Нови Сад. Имено вториот ден уапсени се Огњен Н. (22), Душан К. (18) и Немања Џ (23), кај кого инспекторите при претресот на становите пронашле повеќе од два килограми дрога, два пиштоли, 120 парчиња муниција, и значителна сума на пари. Видеото од апсењето може да го погледнете тука.
Ново на Сител
-
МНР: Сите наши државјани да го напуштат Либан
-
Изминатото деноноќие 12 пожари на отворено, четири се уште активни
-
Фернандеш за асистенцијата на Роналдо: За Португалија е поважно да победува
-
Смокови му ги изеле глабите на штипјанец
-
Од утре времен сообраќаен режим на регионалниот пат Р1109
-
Воздухопловна база во Романија наскоро ќе биде најголемата база на НАТО во Европа
-
Утрово најсвежо во Лазарополе
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 40 минути