Македонија
10. February 2022 - 15:14

Голема лавина на Шар Планина, спасувачки единици на терен во потрага по можни зафатени | ВИДЕО

Денес , во рамките на ски центарот Брезовица кој се наоѓа на косовската страна од Шар Планина падна голема лавина на локалитетот познат како Орлова, информира skimacedonia.mk

Лавината ја анимирале двајца скијачи, кои за среќа успеале да ја избегнат во првите моменти и веќе даваат изјава за полиција.

На терен се спасувачки единици и полицијата во потрага по можни други зафатени во лавината.