-->
-->
Голема сообраќајка во Струмица, има и повредени
-->
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 13 часот пред бензинската пумпа Металопромет во непосредна близина на хотелот Сириус, пишува Струмица Денес.
Како што велат очевидци за Струмица денес, машина за сечење дрва која се движела во правец на населеното место Куклиш, со приколката од засега непознати причини удрила во возило марка Ауди кое доаѓало од спротивната страна, точно во предниот дел на возачката страна на автомобилот.
Возило на Брзата помош веднаш е повикано на местото на несреќата и на повредените возачи од двете возила им е пружена помош, a полицијата дополнително ќе ги утврдува причините и виновникот за несреќата.
ИЗВОР: Струмицаденес
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари