Живот
5. May 2019 - 9:40

Голема тага: Данскиот милијардер си ги погреба трите деца кои настрадаа во терористичкиот напад во Шри Ланка

Данскиот милијардер, 46-годишниот Андерс Холч Повлсен со семејството во саботата ги погреба трите деца кои беа убиени во велигденскиот терористички напад на Шри Ланка.
 
 
На погребот на Алма, Агнес и Алфред дошле голем број членови на данското кралско семејство, но и премиерот Ларс Локе Расмусен. На погребот била и единствената преживеана ќерка на Повлсен, Астрид.
 
Повлсен наследил дансли трговски ланеџ „Бестселер“, проценет на околу 4,5 милијарди фунти. Тој е најголем акционер во познатата онлајн продавница „Асос“ и втор најголем акционер во германската онлајн продавница „Заландо“.
 
 
Повлсен со сопругата имал 4 деца - Алма, Астрид, Агнес и Алфред.