Балкан
23. May 2016 - 17:01

Голема трагедија: Се самоуби полицаец - Три дечиња останаа без татко

Голема трагедија утринава ја потресе Србија откако се обеси полицаец кој е татко на три дечиња. 39-годишниот Ивица Спасиќ од Врање извршил самоубиство во семејната куќа.

Семејството на Ивица, неговата сопруга и најблиските роднини и пријатели не можат да веруваат што се случило.

- Беше на боледување поради повреда со која се здоби на раката додека беше на служба. Не беше нервозен, немаше проблеми, во саботата беше со свој колега на пазар...Не знам што се случи, вели таткото.

Тој го видел синот како оди кн тоалетот, а по десетина минути неговата снаа Татјана излегла од таму и почнала да вришти и плаче. Му рекла Ивица се обеси. Ттакото вели дека сите се во болка и шок.

Засега не се познатио мотивите за самоубиството. Сите кои го познаваат Ивица велат дека бил вреден, добар човек и посветен сопруг и родител.

Тој зад себе остави три мали деца.