Македонија
23. September 2015 - 13:25

Голема затворска казна - Игор и Драган паднаа во рацете на полицијата

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода Берат Ј.(38) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од две години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење“. 

Исто така, СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода Драган Ѓ.(56) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од две години за сторено кривично дело „примање поткуп“, како и Игор Ј.(37) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „затајување“.

Истите се се спроведени во затвор.