Големиот концерт на Влатко Миладиновски од Арената „Борис Трајковски“ ексклузивно на Сител
Големиот музички концерт на Влатко Миладиновски, кој се одржа во арената Борис Трајковски, ексклузивно ќе се емитува на Сител телевизија.
Концертот ќе биде прикажан на 22 март, на празникот „Младенци“, со почеток од 12 часот, носејќи незаборавна атмосфера исполнета со љубов, емоции и традиционална македонска музика. Заедно со големиот оркестар на Златко Миладиновски и бројни гости од домашната сцена, Миладиновски приреди вистински концертен празник во кој публиката пееше во еден глас.
Настапот беше исполнет со силна енергија, страст и искрени емоции, а секоја изведба остави длабок впечаток кај присутните. Салата беше исполнета до последно место, што уште еднаш потврди дека неговата музика има посебно место кај публиката.
Телевизиското емитување ќе им овозможи на сите кои не беа дел од настанот да ја почувствуваат магијата од арената и да уживаат во богатата музичка програма.
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
