Големо невреме во Скопје, поплавени куќи во Црешево и Стајковци
Во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, по невремето со интензивен дожд и грмотевици што го зафати скопскиот и други региони во државава, досега пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци.
- Противпожарни екипи се упатени за интервенција поради поплавени неколку куќи во Црешево и Стајковци, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Бригата за противпожарна заштита на град Скопје.
Невремето, во одредени делови од Скопје, предизвика проблеми и во одвивањето на сообраќајот, како и времени прекини на снабдувањето со електрична енергија.
Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поинтензивни врнежи за попладне се очекуваат во западните делови од земјата. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Утре се уште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни, а во вторник и во среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење