-->
-->
Големо загадување на крајбрежјето кај Драч
-->
Масовно загадување на водите на Јадранското Море е регистрирано на крајбрежјето на албанскот пристанишен град Драч.
Како што јави дописникот на МИА, појавата први ја забележале рибари, кои веднаш ги информирале надлежните.
- Испуштени се големи количества сомнителни отпадни води на источниот кеј на пристаништето, каде што се вкотвуваат рибарските бродови. Голема површина од морето е загадена, пресуваат албанските медиуми.
Инспекторите по екологија и јавно здравство водат интензивни истражни активности за да се открие изворот на загадувањето и откривање на виновниците.
Според непотврдени информации, загадувањето е предизвикано од нелегално испуштање на фекалии од септичките јами на хотелите на плажите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка