Македонија
12. March 2018 - 11:00

Гореше куќа во Скопје

Гореше семејна куќа во Скопје. Како што информира полицијата, вчера околу 09:15 часот во Скопје, на улица „Бутелска“ настанал пожар во куќа сопственост на Д.Т.(65), при што опожарени се греди од кровната конструкција.

Повредени лице нема, пожарот е изгаснат од страна на сопственикот на куќата.