Гори „Европа центарот“ во Берлин
Гори најгорниот кат од еден од најпознатите трговски центри „Европа центарот“, во главниот град на Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Пожарот започнал десетина минути пред 14 часот, а засега противпожарната служба на Берлин нема информации кои се можните причини за инцидентот.
„Европа центарот“, кој има 20 ката, се наоѓа во центарот на Берлин во близина на познатата катедрала „Кајзер Вилхелм“, која е позната како црквата со уништениот покрив, а во негова близина има голем број на продавници каде гравитираат огромен број туристи.
„Европа центарот“ е изграден на почетокот на шеесетите години на 20 век по подигнувањето на Берлинскиот ѕид. Препознатлив е по ротирачката ѕвезда на „Мерцедес бенц“ поставена на врвот на зградата.
Засега, според берлинските институции, нема жртви. Пожарот во „Европа центарот“ се случува во услови на зголемени безбедносни закани и апсењето на сирискиот бегалец кој планирал да подметне силен експлозив на некој од берлинските аеродроми.
Ново на Сител
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта