Македонија
22. November 2023 - 19:04

Гори напуштена куќа во центарот на Куманово

Гори напуштена куќа на улицата ,,Моша  Пијаде" во Куманово, во централно градско подрачје.

Две противпожарни возила и осуммина пожарникари се на терен.

- Пожарот е под контрола. Се работи на негово целосно локализирање и гасење, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.