Горивата поевтинуваат за денар

Цените на бензините и на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар по литар, одлучии денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 3,46, односно 2,02 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 64, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 49,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 38 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,57 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 21,313 денари за килограм.
Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,83 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,406 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
