Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денари

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до денар и половина по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,6, односно за 1,58 отсто.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува и останува 74 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари и ќе изнесува 72,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари и ќе изнесуваат 66, односно 54,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ, за 0,347 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе чини 34,351 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати, од РКЕ ги посочуваат за 3,61 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,412 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Ново на Сител
-

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето
-

Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година
-

Повредата на Дончиќ е посериозна отколку што претходно се мислеше
-

Втор ден од Самитот „Македонија 2025“
-

Француска пациентка со хантавирус e во критична состојба и на апарати за одржување во живот
-

Соопштение до јавноста од Рамсторе Македонија
-

Трамп објави мапа која ја прикажува Венецуела како дел од САД
-

Променливо и посвежо време со дожд и можни грмежи, утрово најстудено на Попова Шапка
