Македонија
11. July 2023 - 12:21

Гостивар: Претепана малолетничка среде градскиот плоштад

Малолетничката, според информациите од полицијата била нападната на градскиот плоштад во овој град.

„Малолетничка од Гостивар вчеравечер (10 јули) во 22 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 21 часот и 30 минути на градскиот плоштад во Гостивар, Џ.Н., со кого претходно била во љубовна врска, физички ја нападнал“, велат од МВР.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот..