Гостиварец осомничен за физички напад врз сопругата и ќерката
Основното јавно обвинителство – Гостивар поведе постапка против 43-годишен гостиварец, за кој постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1 и „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈО, осомничениот синоќа околу 22:30 часот во домот во кој живеел во заедница со својата сопруга и ќерка, започнал расправија по што ги нападнал и им нанел телесни повреди.
– Тој побарал парични средства, но откако сопругата му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Потоа побарал пари и од ќерката, но откако не му биле дадени се упатил да го земе нејзиниот мобилен телефон за да го продаде. Кога ќерката се обидела да повика полиција, осомничениот зел нож од кујната и замавнал кон неа, во што бил спречен од сопругата. Тој продолжил со намерата, удирајќи ја сопругата со каиш во пределот на грбот и левата натколеница, нанесувајќи и телесни повреди. Нападот го спречил нивен роднина, се наведува во соопштението.
Од ЈО посочуваат дека осомничениот кривичното дело „загрозување на сигурноста“ го сторил на штета на неговата ќерка, бидејќи неколкупати праќал пораки на нејзиниот мобилен телефон со закани дека „ќе ја обеси“ и дека „ќе ги заколи неа и нејзината мајка“.
– Бидејќи сторените кривични дела се против јавниот ред или моралот, а особено бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото или дека ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија веднаш да ги прекине нападите
-
ДЗР: ЈКП „Брегалница” Делчево со 61 отсто загуба на вода, над 6,8 милиони денари обврски кон државата и општината
-
Песков: Оставката на Зеленски не е меѓу барањата на Русија
-
Артета разочаран од ремито со Кристал Палас
-
Павел: Трамп се залага за мир по секоја цена без оглед на последиците за Европа
-
Ликовни и литературни автори донираа дела за хуманитарно-продажната изложба за настраданите во Кочани
-
Средба на Сиљановска-Давкова со Кристоф Камп, висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства
-
Гром усмрти жител во прилепско Мажучиште