Македонија
4. September 2017 - 13:18

Грабеж на обложувалница во Скопје: Тројца маскирани излегоа со богат плен

Синоќа околу 22.00 часот во спортска обложувалница на ул. „8-ми Септември“ во Скопје три непознати маскирани лица извршиле разбојништво врз вработените. Сторителите со закана со пиштол го одзеле дневниот промет и побегнале во непознат правец. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.