-->
-->
Грабул и Јотовски елиминираа носители за пласман во четвртфиналето во Скопје
-->

Двајцата Дејвис куп репрезентативци на Македонија Томислав Јотовски и Димитар Грабул со елиминацијата на носителите се пласираа во четвртфиналето на фјучрсот во Скопје што се игра на терените на „Тенис парк“.
И двајцата во три сета со 2-1 беа подобри од ривалите. Јотовски најпрвин го победи шестиот носител Либор Сабала од Чешка со 6:3; 3:6 и 6:1 за нешто помалку од три часа.
Грабул беше нешто поубедлив во мечот со осмиот носител Лени Хампел од Австрија. Првиот сет го доби со 6:0 во гемови, а следниот со 6:3 го освои ривалот. Во решавачкиот Грабул поведе со 3:0, па Хампел намали на 3:1 и Грабул сетот го заврши со 6:1.
Во четвртфиналето Јотовски ќе игра против Кристијан Месарош од Хрватска, од кого загуби пред еден месец на фјучрс во Добој.
Грабул ќе игра против првиот носител Кристофер О‘Конел од Австралија.
Од нашите тенисери денеска загуби единствено Стефан Мицов кој беше совладан од 4.носител Клаудио Фонтана.
Во конкуренција на двојки Јотовски и Лазов од Бугарија, кои победија на првиот фјучрс се пласираа во полуфиналето откако ги совладаа Русите Роман Гиголаев и Александар Перфилов со 6:4 и 7:6 (8:6).
Утре во полуфиналето ќе играат против хрватските тенисери Домагој Биљешко и Бома Гојо.
Утрешните мечеви ќе почнат во 15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
