-->
-->
Град близу Киев е речиси целосно уништен, тврди регионален гувернер
-->
Градот Бородјанка, близу Киев, речиси целосно е уништен, изјави вечерва регионалниот гувернер Олексиј Кулеба.
Таму нема вода ни струја… Нема Бородјанка. Речиси е целосно уништен. Центарот на градот е едноставно ужасен. Бородјанка е под влијание на руските војници; тие ја контролираат оваа населба, рече Кулеба.
Кулеба претходно денеска на својот профил на Телеграм тврдеше дека руските војници ја зазеле тамошната психијатриска болница со стотици пациенти, но тие сега ја напуштиле. Руските сили се уште се во непосредна област, рече тој.
По ракетниот напад на голем станбен блок во Бородјанка на 2 март, Украинската државна служба за вонредни состојби вчера за Си-Ен-Ен соопшти дека е можно да има луѓе се уште заробени под урнатините на зградата.
Бородјанка е цел на постојано гранатирање во последните неколку дена, како и малите градови околу неа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лазаров: Успеавме да составиме тим на играчи кои се борат еден за друг
-

Кливленд ја доби мајсторката со Детроит
-

МЗТ Скопје Аеродром поведе во финалето против Маџари
-

Протести во Чешка во знак на поддршка на независноста на јавниот сервис
-

Бројот егзекуции во светот во 2025 достигнал рекордно ниво за последните 44 години
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар
-

Дел од општина Центар денеска без вода
-

Променливо облачно со сончеви периоди
