Град Скопје: Голема гледаност на маалските концерти на отворено на социјалните мрежи
Вчерашните маалски концерти од програмата „Култура за време на корона“ побудија голем интерес, имаа одличен прием кај околните жители и постигнаа голема гледаност на социјалните мрежи на Град Скопје, посочуваат градските власти.
Во текот на вчерашниот ден на повеќе локации низ Скопје, прецизираат, настапија Арда Мустафаоглу, Емилија Потевска Попивода, Дуња Иванова, Силви Бенд, Pluto’s Doubts и South Park, а на социјалните мрежи на Град Скопје имаа над 50.000 прегледи.
Град Скопје, заедно со градските културни институции објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот, како што велат од Град Скопје, е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници коишто ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/.
Од Градот најавуваат дека маалските концерти ќе продолжуат и во наредните денови на повеќе локации во Скопје.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка